Попоски на министерски совет на ОБСЕ во Белград

02.12.2015 15:26

Во наредните два дена, главниот град на Србија ќе биде домаќин на годишната конференција на ОБСЕ. 7 илјади полицајци ќе се грижат за безбедноста на Лавров, Кери, Могерини, како и на министрите за надворешни на над 50 држави од светот, меѓу кои и македонскиот Никола Попоски...

Од утре Белград е дипломатска престолнина на Европа. Во Арена утре и задутре се одржува редовниот Министерски совет на ОБСЕ- со кој завршува председавањето на Србија. Доаѓаат над 46 министри за надворешни работи, меѓу кои и шефовите на дипломатијата на САД, Русија и ЕУ- Џон Кери, Сергеј Лавров и Могерини. Меѓу нив и македонскиот шеф на дипломатијата Никола Попоски.

По терористичките напади во Париз, соборувањето на рускиот авион и затегнатите меѓународни односи, како што е најавено главни теми ќе бидат-тероризмот, мигрантската криза и враќањето на хелсиншките принципи на кои се заснива ОБСЕ. Засега не е познато и сеуште се договараат конечните документи кои теба да бидат усвоени во петок.

Се очекуваат повеќе билатерални средби, меѓу кои и можната средба на шефовите на дипломатијата на Русија и Турција, како и на Кери и Лавров. Американскиот секретар-Џон Кери веќе вчера пристига во Белград на средба со премиерот Вуќиќ. Се очекува денеска и министерот Попоски да оствари средба со шефот на дипломатијата на Финска.

За големината и важноста на самитот говарат и податоците дека ќе учествуваат над 1.000 делегати од 57 земји члеки на ОБСЕ и 11 азијски и медитерански земји партнери.

За безбедноста која е подигната на највисоко ниво ќе се грижат над седум илјади полицајци, кои ќе бидат распоредени во пет прстени и снајперисти на покривите на зградите, како и оперативци на американската и руска тајна служба.

Воздушниот простор над Белград ќе биде затворен, се контролира и Интернетот.

Самитот ќе го следат над 500 акредитирани новинари, меѓу кои е и екипата на Македонската радио телевизија.

 

Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ