Нови 76 станови за семејства во социјален ризик во Прилеп

02.12.2015 16:21

Станбен комплекс со 76 социјални станови во Прилеп предаде во употреба премиерот Никола Груевски. Прилепскиот станбен комплекс е според сите европски стандарди...

76 семејства кои живеат од социјална помош  ќе добијат покрив над глава. Во прилеп е изградена уште една зграда во рамките на владиниот проект за лицата во социјален ризик и другите ранливи категории граѓани. Инвестицијата е вредна 1,7 милиони евра.

Јавниот повик за аплицирање за оваа зграда е веќе завршен и се очекува идната недела да се спроведе прелиминарна јавна распределба на лицата кои ги исполнуваат критериумите пропишани во повикот.

Во Македонски Брод и Кочани се градат нови објекти за социјално ранливите семејства, а месецов треба да почне изградбата на ваков објект и во Гостивар. Досега државата изгради 678 станови во 13 општини.

Прилеп доби и ново монтажно училиште, а беше отворена и нова спортска сала во основното „Кузман Јосифовски – Питу“. Инвестицијата е вредна 24 милиони денари.

Заменик министерот за образование, Ристовски најави дека се гради нова спортска сала во училиштетото „Добре Јовановски“ во Прилеп, како дел од проектот за изградба на 145 спортски сали.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска