Македонија пошумена со три милиони дрвца на повеќе од 100 локации

02.12.2015 16:26

Во Македонија по 16-ти се одржа акцијата за пошумување „Ден на дрвото- засади ја својата иднина“. Се пошумуваше на повеќе од 100 локации во земјава, вкупно 3 милиони садници. Во досегашните 15 акции, засадени се околу 50 милиони дрвца. Зафатеноста на дрвата досега изнесува 60 проценти...

Аризонски чемперс, багрем, јасен од рано наутро масовно се садеше низ цела Македонија. Акцијата ги крена на нозе граѓаните, политичарите, музичарите и уметниците. Се садеше на оголените, ерозивни или од пожар уништени ридови, а се садеше и покрај езерата и густите градски населби .

Организаторите велат дека четири дрва обезбедуваат кислород за еден човечки век, со засадување на 50 милиони дрвца преку акцијата Денот на дрвото обезбедиле кислород за повеќе од 10 милиони граѓани. Акцијата има за цел и да ја подигне свеста на младите, но и на возрасните за одговорно однесување кон природата.

Во Скопје денеска се засадуваше на три локации и тоа во Паркот на природата „Гази Баба“, Парк шумата „Водно“ и во близина на село Брњарци. И Македонската радио-телевизја се вклучи во акцијата.

Според познавачите досега со акцијата се засадени над 50 милиони садници, успехот на акцијата е над 60%.

Наташа Јанчиќ