Нов оглас за закуп на Џумајлија
Денеска е објавен огласот за давање под закуп на земјоделско земјиште од некогашниот светиниколски комбинат Џумајлија. Понудени се 3.300 хектари во три географски целини кои не се доделија на претходното електронско јавно наддавање.

Покрај површините на Џумајлија во Свети Николе од 3.300 хектари, на огласот се понудени и помали парцели во Струмица, Ресен и во Струга.
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни и странски правни лица, а закупот е од 15 до 70 години во зависност од културата што ќе се одгледува.
Правните лица треба да достават бизнис план со целта за која ќе се користи земјиштето, технологијата и бројот на вработените.
Услов за учество во постапката е понудувачите за површините во Свети Николе, во рок од 4 години да инвестираат минимум од 2 до 6 милиони евра со почетната цена на закупнината од 77 до 91.000 евра годишно, во зависност за која географска целина ќе конкурираат.
Рокот за пријавување е 45 дена од објавувањето на јавниот оглас.
Методија Трајков
