Попоски на министерски совет на ОБСЕ во Белград
На самитот ќе учествуваат и американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров...

Шефот на македонската дипломатијата Никола Попоски учествува на редовниот Министерски совет на ОБСЕ што се одржува во Белград. Учеството го потвдија претставници на околу 70 држави и 46 министри за надворешни работи кои ќе разговараат за тероризмот и за миграциската криза.
На самитот ќе учествуваат и американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Рускиот министер за надворешни најави дека денеска ќе има средба со неговиот колега Чавушоглу за последниот инцидент со соборениот руски воен авион. Се очекува Кери и Лавров да имаат и билатерална средба.
Во српската престолнина во сила се посебни мерки за безбедност. Според информациите, распоредени се повеќе од 7 илјади полицајци и снајперисти.
