МФ врати 57 милиони евра во стопанството по основ доспеани ДХВ

03.12.2015 10:33

До 6 декември по овој основ ке бидат вратени уште 328.500.000 денари (5,34 милиони евра)...

Министерството за финансии денеска исплати 3,5 милијаради денари (57 милиони евра) за стари издадени и доспеани за исплата државни хартии од вредност. 

До 6 декември по овој основ ке бидат вратени уште 328.500.000 денари (5,34 милиони евра).

На 8 декември доспева за исплата и еврообврзницата издадена во 2005 година во вредност од 150 милиони евра.

За Министерството за финансии примарно останува точно и навремено сервисирање на обврските.