Собранието ќе ја продолжи расправата за Извештајот на ЕК за Македонија

03.12.2015 10:37

Во Законодавниот дом ќе се одржи и првата работна сесија на 13-от состанок на мешовитиот парламентарен комитет, Република Македонија- Европска Унија...

Во Собранието, пратениците треба да ја продолжат дебатата за последниот извештај од Европската комисија за напредокот на Македонија. И годинава комисијата ја продолжи препораката за старт на преговорите за членство во Европската унија, но под услов да се исполни договорот од Пржино. Брисел најави дека по завршувањето на изборите во април идната година, повторно ќе се разгледува одлуката.

Во Законодавниот дом ќе се одржи и првата работна сесија на 13-от состанок на мешовитиот парламентарен комитет, Република Македонија- Европска Унија.

Покрај парламентарци, на состанокот ќе учествуваат вицепремиерот за евроинтеграции Бесими и евроамбасадорот Орав.