Нова седница на Анкетната комисија
03.12.2015 10:38
Пратеничките групи треба да достават предлог-програма за работа и листа со тројца сведоци...

Нова седница на Анкетната комисија за прислушувањето. Пратеничките групи треба да достават предлог-програма за работа и листа со тројца сведоци. Три прашања од по пет минути и исто толку време за одговор, стои во Деловникот.
Се остава простор и за вкрстено сослушување. Нема двоен глас за претседателот на комисијата. За да се изгласа предлог-одлука, потребно е мнозинство гласови од членовите.
Ако има еднаков број гласови, се оди на втор обид. Доколку и во второто прегласување нема мнозинство, одлуката не е усвоена. Анкетната, извештајот за работата со препораките треба да го подготви најдоцна до крајот на јануари.
