ИН МЕМОРИАМ: Мелита Абјаниќ-Стојисавлевиќ
03.12.2015 10:49
Вчера ненадејно почина Мелита Абјаниќ-Стојисавлевиќ, секретар асистент по режија во Македонската телевизија...

На 58-годишна возраст, вчера ненадејно почина Мелита Абјаниќ-Стојисавлевиќ, секретар асистент по режија во Македонската телевизија.
Беше дел од екипата што ја реализира утринската емисија. Во нејзиното долгогодишно работење во Македонската телевизија, учествуваше и во реализацијата на голем број проекти.
Погребот на Мелита Абјаниќ-Стојисавлевиќ ќе се изврши утре на градските гробишта Бутел.
