МВР: Досега издадени над 300 илјади потврди за азил, најбројни државјаните на Сирија
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-177.130, потоа Авганистан-72.752, Ирак-29.100, Иран-6.231...

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.797 странски државјани, од кои 1.179 се од машки пол, 540 се од женски, 950 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 128 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.126, Авганистан–880 и Ирак-791 .
Досега издадени се потврди на вкупно 300.420 странски државјани, од кои, 172.234 се од машки пол, 47.352 се од женски, 64.845 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 15.989 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-177.130, потоа Авганистан-72.752, Ирак-29.100, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.314, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до Секторот за азил се поднесени 80 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
