Британски бомбардери извршија напади врз цели на ИД во Сирија
03.12.2015 11:12
Претставник на британската влада ги потврди нападите, информирајќи дека авионите летнале од британската база „Акротири“ на Кипар...

Британските бомбардери од типот Торнадо ноќеска почнаа воздушни напади врз позициите на Исламска држава во Сирија, откако британскиот парламент синоќа со големо мнозинство ја одобри акцијата.
Претставник на британската влада ги потврди нападите, информирајќи дека авионите летнале од британската база „Акротири“ на Кипар и по завршената мисија безбедно се вратиле назад.
