Штрајк во Грција

03.12.2015 11:46

Болниците ќе работат само со основниот персонал, јавниот транспорт се одвива со големи тешкотии, затоа што нема да работат некои линии на метрото...

Двата најголеми грчки синдиката организираат штрајк во знак на протест против усвојувањето на буџетот и мерките за штедење.

Болниците ќе работат само со основниот персонал, јавниот транспорт се одвива со големи тешкотии, затоа што нема да работат некои линии на метрото и на градските автобуси и тролејбуси, а нема да сообраќаат ниту возовите.

Вчера штрајкуваа и грчките медиуми, весниците не излегоа, а немаше ниту вести на телевизиите и на радијата. Ова е втор 24-часовен општ протест откако владата на Сириза е на власт.