Стартува со работа фабриката за преработка на ориз „Левидиагро“

03.12.2015 11:29

Станува збор за турска инвестиција во земјава...

Во Кочани денеска ќе стартува со работа новата фабрика „Левидиагро“ за преработка на кочанскиот ориз. Станува збор за турска инвестиција во земјава.

На отворањето, што ќе се одржи во комплексот фабрики „Жито Ориз“, ќе присуствуваат премиерот Груевски и  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветков.