Успешно изведена симулациска вежба за справување со кризни состојби
Од земјотрес, предизвикан пожар во училиште. Со брза интервенција на противпожарната бригада, Црвениот крст и ЦУК, евакуација на учениците и наставниците од средното училиште „Ѓорѓи Димитров“. Симулациска вежба за справување со кризни ситуации...

Група средношколци се заглавени во училница по силен земјотрес кој предизвика пожар во школската зграда. Пожарникарите ги евакуираат, а екипите на црвениот крст и на итната медицинска помош ги транспортираат повредените во најблиските болници. Ова беше дел од показната вежба за евакуација во кризни состојби.
„При реализација на вежбата беа применети најсовремени начини на означување на насоките за евакуација со саморефлектирачки знаци. Се изработуваа евакуациони планови на ниво на целиот објект. Исто така се применија и иновативни начини за информирање“, изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
„Секое навремено интервенирање во однос на ризиците носи и помали последици“, нагласи директорката на ЦУК, Сузана Салиу.
Ова е прва вежба од ваков вид. Се спроведе во средното училиште „Ѓорѓи Димитров“. Идејата е да се провери експедитивноста на домашните институции за брза реакција во случаи на итност.
Анита Димитријевска
