Поддршка за нови микробизниси
Во текот на две години поддржани се 48 проекти главно од земјоделскиот сектор и од областа на занаетчиството...

Британски проект додели 24 грантови до 100 илјади денари за нови микробизниси во рурални мултиетнички средини. Се реализира во Полошкиот и во Североисточниот плански регион и има цел да ги поддржи почетните микро бизниси за самовработување и нивна стручна поддршка во првите две години.
Проект менаџерот Суада Статовиц, истакна дека проектот во текот на две години поддржа 48 проекти главно од земјоделскиот сектор и од областа на занаетчиството. Целта е подобрување на бизнис практиките кај целните групи во регионот и обезбедување дологорочни решенија за одржлив раст и развој на бизнисите.
Поддршката е насочена во процесот на основање и развој на микробизниси, развивање соодветни производи и услуги, маркетинг на производите и услугите, како и нивно поврзување со пазарот, промоција и продажба.
