Над 80 компании нудат работа на Саемот за вработување во Скопје
Добра можност менаџерите да најдат соодветен кадар, а невработените работна позиција. Работодавачите од 80-тина компании ги претставуваат потребите за нов профил на кадар...

Стартува Саемот за вработување во Скопје. Бизнисмените- тет а тет со барателите на работа. Добра можност менаџерите да најдат соодветен кадар, а невработените работна позиција. Работодавачите од 80-тина компании ги претставуваат потребите за нов профил на кадар. Интересот е голем, велат од Агенцијата за вработување и очекуваат бројката на скчучени договори за вработување од минатогодишниот саем да биде надмината.
На Саемот се застапени компании од различни категории, сѐ со цел овозможување богата понуда за што поголем број профили и струки. Во состав на саемот, посетителите можат да слушнат и интервјуа со претставници на компаниите.
Годинава, саемите за вработување посетија седум градови низ Македонија. По примерот на светските трендови, со Саемите за вработување им се дава можност на сите невработени луѓе во државата, особено на младите, да дознаат што точно се бара на пазарот на труд и можност да остварат близок контакт со компаниите кои нудат работа и да аплицираат со свое CV за посакуваната работна позиција.
