Пред Анкетната комисија предлози за сведоците
ВМРО-ДПМНЕ ги предложи премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и екс- министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, информира членот на комисијата, Антонио Милошоски...

Нова седница на Анкетната комисија за прислушувањето. Се усогласуваат доставените предлог- програми за работа и листите со по тројца сведоци. ВМРО-ДПМНЕ ги предложи премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и екс- министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, информира членот на комисијата, Антонио Милошоски.
СДСМ пак ги предложи Мартин Протуѓер, поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески, и екс- првиот разузнувач, Сашо Мијалков.
Три прашања од по пет минути и исто толку време за одговор, стои во Деловникот. Се остава простор и за вкрстено сослушување.
