Путин: Турција ќе зажали за урнатиот Сухој

03.12.2015 13:21

Ние нема да покажеме нервоза и да преземеме акција која може да биде опасна за нас и за цел свет, изјави рускиот претседател Путин во годишното обраќање до нацијата...

Русија нема да заборави дека турските воздухопловни сили го урнаа рускиот Сухој, официјална Анкара повеќе пати ќе зажали за овој инцидент.

Ние нема да покажеме нервоза и да преземеме акција која може да биде опасна за нас и за цел свет, изјави рускиот претседател Путин во годишното обраќање до нацијата.

Нагласи дека официјална Москва била подготвена на соработка со Анкара дури и за најчувствителните прашања.