Поголема вклученост на лицата со посебни потреби во општеството
Трети декември е Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Испратен апел за нивна поголема вклученост во опшеството. Главен проблем е недостигот на стручен кадар за работа со овие лица, но и физичките бариери...

Инклузијата на деца со оштетен вид во редовниот образовен ситем е добара како идеја, но проблематично е да се спроведе поради недостиг на стручен кадар како дефектолози, логопеди, толкувачи, но и браеви машини за слепите, сметаат од Националниот сојуз на слепи. И неприфаќањето на овие деца од соучениците е проблем.
Физичките бариери, немањето на толкувачи на знаковен јазик, немањето звучни сигнали на семафорите, немањето стручен кадар во образовните институции,години наназад се дел од проблемите со кои се соочуваат лицата со инвалидитет. Вработувањето, исто така, е проблем што треба да се реши.
Претставниците на здруженијата порачуваат потребно е да се работи заеднички и на решенија за бесплатна здравствена заштита без ограничување на возраста на лицата со попреченост, олеснување на поатските за рефундирање на средства од ФЗОМ, санкционирање фиктивни вработувања на овие лица.
Се проценува дека во Македонија околу 200 илјади граѓани имаат некој вид инвалидитет. Во светот нивниот број надминува 1 милијарда.
Наташа Јанчиќ
