Предлози за регулирање на медиумската сфера
ВМРО-ДПМНЕ со предлог – најголемите новинарски здруженија, синдикати, цивилното општество да достават свои предлози за регулирање на медиумската сфера. СДСМ го поддржува предлогот и вели дека тоа требало да се случи многу порано. Двете партии со различни ставови за сугестиите на медијаторот, Ванхојте...
ВМРО – ДПМНЕ со директен повик до новинарската фела, цивилниот сектор и сите останати кои имаат интерес, во следниве три дена до партијата да достават писмени предлози за тоа како треба да се постапува во насока на подобрување на медиумската сфера. „Политичките партии и претстваниците на меѓународната заедница сами по себе не се доволно во градење на здрав и одредлив систем и концепт за развој на медиумскиот простор“, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ние мораме да имаме европски закон, закони кој што функционираат во Европската унија и закони кои што ќе гарантираат, стандардизација, професонализација и либерализација на медиумската сфера. Нема да прифатиме никакви закони кои што ќе значат зголемување на казните за медиумите или партизација на државните органи надлежни за оваа проблематика“, вели Димовски.
Ваквиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за Социјал- демократите е прифатлив. Според опозицинерите, требало порано да се разгледаат предлозите бидејќи роковите за договор околу медиумската сфера се пробиени.
„Апсолутно. Не да е прифатилив него тоа требаше да се случи многу порано. Затоа велам ова што сега го направи ВМРО-ДПМНЕ требаше да го направат пред да почнат прегоорите“, изјави Роберт Поповски од СДСМ.
ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ ги изнесоа своите предлози за регулирање на медиумите. Свои согледувања имаше и посредникот Ванхојте. За поголем дел од нив, ВМРО–ДПМНЕ смета дека тие водат кон индиректно партизирање на медиумите, за СДСМ, поголемиот дел се прифатливи. Ако партиите не постигнат согласност, сугестијата на владеачката партија е да се преслика закон од европска држава.
Миле Ристески