Тенис

Се стеснува кругот, потфрлаат фаворитите

20.01.2014 14:09

По Серена Вилијамс и Марија Шарапова се поздрави со публиката во Мелбурн.

Носителскиот број три не и помогна на русинката, а ниту пак ја исплаши 20-то рангираната на првиот сезонски тениски грен слем, Цибулкова. Таа преку Шарапова, во 7-миот свој настап на терените на Мелбурн парк го направи и својот најголем успех со пласманот во 1/4 финалето. Нејзината противничка меѓу осумката, 11-тиот рекет на турнирот романката Халеп, исто така елиминира име и бројка од топ 10-ката, осмата Јелена Јанковиќ.

Затоа пак двојката до името на Азаренка ја покажа тежината и решеноста на белорусинката за продолжување на победничкиот пат до финалениот триумфален низ. Таа без никаков проблем ја збриша од понатамошната програма американката Стивенс за која и 4-тото одиграно коло беше повеќе од успех. Американката бележи само второ учество на стартниот грен слем, по првото пред три години и завршувањето уште во премиерата.

И петтата на Австралискиот носителски список Радванска немаше проблем до пласман. Набрзина си ја заврши работата за четврто во низ 1/4 финале, во кое надежта дека конечно ќе го преполови ќе ја бара на исклучително тежок терен против бранителот на тронот Азаренка.

По безмалку нешто повеќе од три часа надигрување и со тесни иако 3:0, светскиот и турнирски рекет 1 Надал, успеа да обезбеди 1/4 финале во исцрпувачкиот меч гем за гем со незгодниот Нишикори.

4-тиот во Мелбурн, Британецот Енди Мареј фуриозно го стартуваше дуелот со Роберт со лесни два сета во кој на французинот му дозволи само во три гема да се порадува. Затоа третиот сет го стави на маки Мареј за по едночасовна борба, 119-тиот во АТП поредокот ја сврти работата за пролонгирање на неизвесноста, која сепак на крајот не донесе уште една сензација.

Сигурниот од, Рожер Федерер го продолжува по понудента супер партија и победата над Цонга. Патот до последниот или предпоследниот ден, чии дел е швајцарецот од 2004-тата наваму, ќе се обиде децениски да заокружи и врзе преку Енди Мареј.