Зголемен откуп на градинарски и фуражни култури

04.12.2015 10:17

За разлика од поголемите земјоделски стопанства, земјоделските производи од индивидуалниот сектор во јули, август и во септември годинава се откупувале и продавале повеќе од лани. Најмногу се тргувало со градинарските и со фуражните култури...

Вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во третиот квартал од годинава биле помали за 5 проценти од лани.

Трговците пак, од индивидуалните земјоделци купиле повеќе производи за 23 отсто, но продажбата на пазари од сопственото производство на фармерите, е намалена за 30 проценти.

Зголемување имало во трговијата со градинарските и со фуражните култури, со грозјето и со добиток.

Помала побарувачка и намалување имало кај житата, овошјето, живината, јајцата, млекото , млечните производи и рибата.

Статистиката вели дека во септември има пораст во откупот и во продажбата на земјоделските производи, додека во јули и август е забележано опаѓање.

 

Методија Трајков