Претседателот на чешкиот Парламент во посета на Македонија

04.12.2015 10:24

Хамачек ќе има средба со неговиот домаќин, собранискиот спикер Вељаноски. Ќе се обрати и пред македонските пратеници...

Претседателот на чешкиот Парламнет во официјална посета на Македонија. Хамачек ќе има средба со неговиот домаќин, собранискиот спикер Вељаноски. Ќе се обрати и пред македонските пратеници. На агендата – разговори и со шефот на државата Иванов.

Хамачек ќе положи цвекиња и пред споменикот на чешкиот војник Роберт Гајдик и пред споменикот на паднатите херои за Македонија.

Во делегацијата се и неколку пратеници од чешкиот Парламент.