ЕУ решава за воведување контрола на внатрешните граници
04.12.2015 10:26
Неколку земји-членки на ЕУ, меѓу кои и Германија, во последниве месеци воведоа контрола на границите...

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска во Брисел ќе разговараат за можноста за воведување контрола на внатрешните граници во рамките на Шенген зоната за период од две години, како една од мерките за справување со приливот на имигранти.
Неколку земји-членки на ЕУ, меѓу кои и Германија, во последниве месеци воведоа контрола на граници, мерка која според правилата на Шенген зоната не може да трае подолго од шест месеци.
