Фронтекс доаѓа на македонско-грчката граница

04.12.2015 10:34

Според министерот за надворешни работи, Никола Попоски, конечното упатување на Фронтекс на границата е добар сигнал и ќе помогне во надминување на тензиите и подобрување на соработката со грчките власти...

Европските гранични сили ќе се распоредат на македонско-грчката граница. ОБСЕ на состанокот во Белград реши од наредната недела, 400 припадници на Фронтекс да помагаат со регистрацијата на бегалците и на мигрантите.

Според министерот за надворешни работи, Никола Попоски, конечното упатување на Фронтекс на границата е добар сигнал и ќе помогне во надминување на тензиите и подобрување на соработката со грчките власти.

Распоредувањето на европските граничари го побарала Атина, за да се справи со приливот на мигранти.