Најмалку 12 жртви во напад со молотов коктел во ноќен клуб во Каиро

04.12.2015 10:22

Според првичните неофицијални информации, напаѓачот бил поранешен вработен во ноќниот клуб...

Најмалку 12-мина загинаа, шестмина се повредени откако вооружен маж фрлил молотов коктел во ноќен клуб во Каиро.

Според првичните неофицијални информации, напаѓачот бил поранешен вработен во ноќниот клуб.

Тој неодамна бил отпуштен од работа од ноќниот клуб во квартот Агуза во центарот на Каиро.