Албанската опозиција бара предвремени избори

04.12.2015 10:54

Решението е формирање техничка влада, која ќе ја подготви изборната реформа, ќе го импелентира законот за лустрација и ќе ја подготви земјата за нови избори, изјави лидерот на опозицијата Љуљзим Баша...

Албанската опозиција бара оставка на владата и предвремени избори како единствен излез од состојбата во која се наоѓа земјата.

Решението е формирање техничка влада, која ќе ја подготви изборната реформа, ќе го импелентира законот за лустрација и ќе ја подготви земјата за нови избори, изјави лидерот на опозицијата Љуљзим Баша.

Опозицијата за 8-ми декември закажа масовни протести.