МВР: За 24 часа издадени 666 потврди за азил

04.12.2015 11:27

Досега, како што соопшти МВР, издадени се потврди на вкупно 301.086 странски државјани...

Во последниве 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 666 странски државјани, од кои 300 се од машки пол, 107 се од женски, 184 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 75 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-364, Авганистан–186 и Ирак-116 .

Досега, како што соопшти МВР, издадени се потврди на вкупно 301.086 странски државјани, од кои, 172.534 се од машки пол, 47.459 се од женски, 65.029 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 16.064 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-177.494, потоа Авганистан-72.938, Ирак-29.216, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.314, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Во изминатото деноноќие до Секторот  за азил поднесени се две барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на две полнолетни лица од Сирија и шест деца кои го придружуваат родителот.

Од започнувањето на издавањето на потврдите поднесени се 82 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.