Каиро: Најмлаку 16 жртви во напад на ноќен клуб
Ресторанот кој воедно бил и ноќен клуб, сместен во подрумски простории, немал спореден излез за вонредни ситуации. Фрлените молотови коктели предизвикале пожар...

Најмалку 16 луѓе загинаа, петмина се повредени, откако тројца вооружени мажи фрлиле молотови коктели во ресторан во областа Aгуза во Kаиро.
Ресторанот кој воедно бил и ноќен клуб, сместен во подрумски простории, немал спореден излез за вонредни ситуации. Фрлените молотови коктели предизвикале пожар, но поголемиот дел од гостите поради лошиот пристап до излезот се задушиле од чадот или починале од изгореници.
Според очевидци, мажите дошле на мотоцикли и веднаш по нападот избегале. Локалните власти соопштија дека еден од нив бил поранешен вработен во ресторанот и неодамна бил отпуштен од работа.
Дел од медиумите јавуваат дека инцидентот се случил при пресметка на група млади луѓе и сопственикот на ресторанот.
Eгипетските безбедносни сили често се цел на напад од екстремистите, но нападите во ноќните клубови се ретки.
Марија Петковска
