Попоски: Пеговорите со ЕУ ќе помогнат и за билатералните прашања
Нивното почнување ќе овозможи надминување на билатералните прашања со кои се соочуваме со земјите членки на унијата, изјави шефот на дипломатијата Попоски на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ- Македонија...

Преговорите за членство во Европската унија остануваат врвен приоритет на Македонија. Нивното почнување ќе овозможи надминување на билатералните прашања со кои се соочуваме со земјите членки на унијата, изјави шефот на дипломатијата Попоски на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ- Македонија.
Според него значајно што во последниот извештај на ЕК препораката за почеток на преговорите се уште опстојува и покрај сложените околности во самата Унија, во нашето соседство и во Македонија.
Попоски вели дека ова е потврда дека можеби некои одлуки ќе беше попаметно да беа донесени веднаш по првата препорака во 2009 година и веројатно ќе ни заштедеа енергија и дома, и во Европската унија, бидејќи Македонија ќе беше денес во прилично напредна фаза на водење на преговори и заокружување на циклусот пред членство во ЕУ.
