Немирно на грчкиот дел од границата

04.12.2015 13:17

Кај Идомени, веќе неколку дена, повеќе економски имигранти Од Пакистан, Алжир, Мароко, Иран, на кои не им е дозволен прекуграничен премин се стационирани меѓу двете земји...

Група имигранти, најголем дел од мароко, со камења фрлале кон грчката полиција. Не им дозволувале на бегалците од Сирија, Ирак и од Авганистан да преминат кон Македонија.

Кај Идомени, веќе неколку дена, повеќе економски имигранти Од Пакистан, Алжир, Мароко, Иран, на кои не им е дозволен прекуграничен премин се стационирани меѓу двете земји.

Од понеделник, на Македонско – грчката граница треба да пристигнат силите на Фронтекс, помош во регистрацијата на имигрантите и на бегалците.Од МВР информираат дека за 24 часа им се издадени потврди на 666 странски државјани.