Нов современ компјутерски томограф на Клиниката за неврологија
Досега на Клиниката имаше апарат со застарена технологија, па пациентите се препракале на радиологија...

Нов современ комјутерски томограф на Клиниката за неврологија за полесно и побрзо дијагностицирање на пациентите. Инвестицијата е вредна 20 милиони денари. Досега на Клиниката имаше апарат со застарена технологија, па пациентите се препракале на радиологија – нагласи премиерот Груевски.
„Станува збор за инвестиција од околу 20 милиони денари, која и тоа како ќе се исплати затоа што огромен број пациенти секој ден го користат овој апарат. Тој ќе се користи за брзо дијагностицирање, по што веднаш ќе се утврди потребната терапија и интервенција“, истакна Груевски.
Овде доаѓаат случаи за кои е многу важно времето, односно дали во првите два-три часа ќе се утврди дијагнозата и ќе се даде соодветната терапија. Сѐ што е подоцна може да предизвика серозни последици, така што секое забрзување при одредување на дијагнозата и давањето терапија може да значи живот. Скратувањето на движењето на пациентите од една до друга клиника заради снимање, односно забрзувањето на овој процес значително ќе помогне во забрзувањето на сите овие процедури, рече премиерот Груевски.
