Втор дневен центар за лица со посебни потреби
Нов дневен центар за лица со посебни потреби над 18 години. Градоначалникот Трајановски најавува отворање на уште еден ваков објект...

Се дружат, изработуваат предмeти од пластелин и готват, секојдневие во дневниот центар за лица со посебни потреби над 18 години. Чедомир Трајковски, е родител на дете со попреченост и вели дека ваквите центри се од голема полза и за семејствата. Корисниците на ценатарот добиваат помош за да станат самостојни.
Со отворањето на дневниот центар во Капиштец, користењето на овие услуги станаа подостапни за дел од децата со попреченост. Скопје има два вакви центри. Постои потреба за уште.
Помош за отворање на вакви установи, стигнува и од амбасадорите во земјава.
Во Македонија има десетина дневни центари за лица со попреченост. Според семејствата кои имаат член со попреченост ова е недоволно, бидејќи немаат сите пристап до институција која ќе им помогне во 24-часовната грижа за нивните деца.
Наташа Јанчиќ
