Груевски: Шест нови училишта ќе се градат в година, досега изградени 72
Досега се изградени 72 целосно нови училишта. До крајот на идната година ќе бидат завршени вкупно 80 нови училишта, соопшти денеска премиерот Никола Груевски...

За следната година планирана е изградба на шест нови училишта. Во моментов две се во фаза на изградба, а досега се изградени 72 целосно нови училишта. До крајот на идната година ќе бидат завршени вкупно 80 нови училишта, соопшти денеска премиерот Никола Груевски.
Покрај изградбата на овие нови 80 училишта, во изминатиот период комплетно биле реновирани 350.
Од шесте кои се планираат за идната година, појасни Груевски, две произлегле од одењето на терен и средбите со граѓаните. Едното е училиштето „Тихомир Милошовски“, во делот на Новоселски пат – Волково, а второто е во делот на Лисиче „Димитар Македонски“ каде целосно ќе биде изградено ново.
