Повеќе пари за нови методи за лекување
Од следната година ќе се зголемат буџетите на болницте кои ќе воведат нови методи на лекување. Директорот на ФЗОМ најви посета на поголемите здравствени центри каде во договор со менаџерските тимови ќе се кројат буџетите за болниците. Оваа практика, како што велат, ќе придонесе за зголемување на спектарот на услуги, а со тоа и поквалитетно здравство за граѓаните.

Нови сложени операции од в година ќе се изведуваат во градската болница „8 Септември“. Фокусот ќе биде на интервентна кардиологија и радиологија, а нови начини на лекување ќе има и на одделенијата за неврохирургија и ревматологија. Затоа оваа болница ќе добие повеќе пари од Фондот за да ги примени најсовремените медицински третмани за лекување на болни.
Тим од седум лекари ќе помагаат на пациенти со акутен срцев инфаркт, а новите методи ќе придонесат да се намали бројот на болни кои се препраќаат во странство.
Оваа посета го означи и новиот начин на директно договарање на буџетите за примена на иновативни методи на лекување. Во иднина тимови од Фондот ќе ги посетуваат најголемите болници за да креираат развојни програми.
Анита Димитријевска
