Исплатена ноемвриската пензија

04.12.2015 16:13

На сметките на 300 илјади 47 пензионери легнаа 3 милијарди 849 милиони денари. Префрлени се парите за пензијата. Просечната пензија, заклучно со овој месец, изнесува 13 илјади 77 денари. Од Министерството за финансии во допис до медиумите велат дека пензиите ќе бидат редовни и ќе се исплаќаат во првата недела од месецот...

Легна ноемвриската пензија. На сметките наоколу 300.000 пензионери префрлени се 3 милијарди 849 милиони денари. Од Министерството за финансии велат дека исплатата ќе се одвива редовно. Девет години пензиите се исплаќаат во првата недела од месецот. Иако постоеше загриженост, пензионерите беа убедени дека ќе ги добијат навреме. Сметаат дека политиката треба да стои подалеку од пензиите, оти тие ги заслужиле со работа.

Од Сојузот на здруженија на пензионерите порачуваат - пензионерите не треба да бидат дел од политичките игри на поединци. Според Аргировски, во изминатите години стандардот на пензионерите е нанајвисоко ниво.

Заклучно со месецов просечната пензија во земјава изнесува 13.077 денари. Од Владата велат дека поддршката на животниот стандард на пензионерите и социјалните категории останува врвен приоритет.

 

Викторија Милевска