Нов компјутерски томограф на Неврологија, в година ново намалување на цените на лековите

04.12.2015 16:39

За брзо дијагностицирање и за утврдување на потребната интервенција, нов апарат за компјутерска томографија на Клиниката за неврологија. За случаите кои се третираат овде, времето е најважно - изјави премиерот Груевски. Тој најави дека и идната година ќе има намалување на цената на лековите...

Во март и октомври идната година ќе има ново намалување на цените на лековите.  Премиерот Груевски вели дека ваквиот тренд продолжува. Досега цените беа намалувани осум пати.

Досега имаше осум намалувања на цените на лековите во вкупна вредност од 33 милиони евра, кои наместо во фармацевтските куќи останаа во џебовите на граѓаните, односно на пациентите кои купуваат лекови. Она што е значајно е дека овој тренд ќе продолжи. Се планира и за следната година и тоа двапати. Еднаш во март и во октомври“, изајви премиерот Никола Груевски.

Нова инвестиција во здраството. На Клиниката за неврологија пуштен во употреба нов апарат за компјутерска томографија. Пациентите досега се служеа со стар апарат, а  често беа препраќани на Радиологија. Инвестицијата е 20 милиони денари. Во текот на еден ден ќе може да го користат повеќе пациенти.

„Овој апарат се користи за брзо дијагностицирање и за да се утврди потребната интервенција. Овде доаѓаат случаи кои се третираат за начин кој што е многу важно времето, дали во првите 2-3 часа ќе се утврди дијагнозата и ќе се даде терапијата. Се што е подоцна веќе е со сериозни последици. Секое забрзување за изнаоѓање на дијагностицирањето и на давањето на терапија, може да значи живот“, рече Груевски.

Претходно, нов апарат за компјутерска томографија доби и поликлината „Јане Сандански“.

 

Наташа Гркова- Петрушевска