Германија се вклучува во борбите против ИД

04.12.2015 17:21

Пратениците во Бундестагот со огромно мнозинство изгласаа – торнадо авиони во разузнавачки мисии, поморска фрегата и 1.200 војници ќе бидат пратени во регионот...

Германија се вклучува во коалицијата што војува против Исламска Држава во Сирија. Пратениците во Бундестагот со огромно мнозинство изгласаа – торнадо авиони во разузнавачки мисии, поморска фрегата и 1.200 војници ќе бидат пратени во регионот, но нема да учествуваат во воените операции. Министрите веруваат дека и Германија е цел на џихадистите.

„Нападите во Париз не натераа да сфатиме дека Средниот Исток не е во Јужна Америка, туку во соседството. Теророт и војната во Сирија и во Ирак се прашање на безбедноста на Европа, на Германија и на Франција“, изјави Норберт Ротген, пратеник на ЦДУ.

Ова ќе биде во моментов најголемата воена операција на Германија во странство, со мандат од една година и ќе чини 134 милиони евра. Претходно, авионите на британската кралска авијација бомбардираа нафтни полиња во Сирија.