Мерките за вработување во интерес и на невработените и на компаниите

04.12.2015 17:39

Податоците покажуваат дека над 65 % од лицата кои поминале низ програмите продолжиле да работат во компанијата со трајно вработување...

Статистиката покажува дека во третиот квартал стопанските субјекти имале 7.155 слободни работни места. Најголем дел од позициите, 2.269 биле во праработувачката индустрија, следуваат трговијата на големо и на мало, и поправки на моторни возила со 1.328, додека во градежништвото имало потреба за 725 слободни работни места. Во секторот транспорт и складирање биле огласени 553 работни позиции.

„Токму мерките кои што ги реализира Агенцијата за вработување може да бидат од голема помош и големо значење за самите работодавци. Во рамките на овие мекри спаѓаат практиканството, обуката кај познат работодавач, обуката за дефицитарни занимања... Податоците покажуваат дека над 65 % од лицата кои поминале низ програмите продолжиле да работат во компанијата со трајно вработување“, изајви владиониот портпарол, Александар Ѓорѓиев.

Микро фирмите со 3 до 9 вработени имале највисока стапка на слободни работни места од 1,55%. Барале 1.874 работници. Компаниите со 10 до 49 вработени огласиле 1.876 работни позиции, а фирмите кои вработувале до 249 лица барале 1.612 работни ангажирања. Најголемите фирми огласиле 1.793 работни места. Според региони, во Пелагонискиот се барале 1.102, во Вардарскиот 869 и во Источниот 570 работни ангажирања.

 

Свето Николовски