Министерот Попоски во работна посета на Брисел

07.12.2015 08:36

Министерот Попоски, како што соопшти МНР, ќе има работен појадок со постојаните претставници на земјите членки во ЕУ, во пресрет на подготовките за заклучоците за Европскиот совет, кој ќе се одржи на 17 и 18 декември во Брисел...

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе престојува во работна посета на Брисел.

Според агендата, министерот Попоски, соопшти МНР, ќе има работен појадок со постојаните претставници на земјите членки во ЕУ, во пресрет на подготовките за заклучоците за Европскиот совет, кој ќе се одржи на 17 и 18 декември во Брисел.

Попоски ќе има средба и со комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан.