Поради електронска надоградба, шалтерите на Катастарот денеска и утре нема да работат

07.12.2015 08:39

По надоградбите на електронскиот систем и хардвер, Катастарот ќе ги подобри своите капацитети за реализација на идните проекти...

Електронскиот шалтер, шалтерите во Центарот за катастар на недвижности во Скопје, како и одделенијата за катастар на недвижности низ Македонија денеска и утре нема да примаат барања и да издаваат податоци.

Причината за ова е надоградба на електронскиот систем со нови хардверски решенија.

По надоградбите на електронскиот систем и хардвер, Катастарот ќе ги подобри своите капацитети за реализација на идните проекти, ќе се зголеми безбедноста на податоците и ќе се подобри брзината на решавањето на предметите и издавањето на податоците, информира Агенцијата за катастар на недвижности.