Обвинетите за настаните во кумановската „Дива населба“ пред суд
На седницата што треба да биде отворена за јавноста, Судскиот совет одлучува дали го прифаќа обвинителниот акт...

Во Кривичниот суд во Скопје денеска почнува судењето на 29-темина обвинети за тероризам во инцидентите од деветти и десетти мај во кумановската населба „Тоде Мендол“, позната и како „Дива Населба“. На седницата што треба да биде отворена за јавноста, Судскиот совет одлучува дали го прифаќа обвинителниот акт.
Според обвинението, целта на терористите е да се предизвика чувство на несигурност и страв меѓу граѓаните, а биле планирани и напади врз одредени цели во главниот град.
Обвинителството треба да повика 50-тина заштитени сведоци, полицајци од кои 40 биле ранети, повредени за време на дводневната престрелка.
Во мај во Куманово при ликвидирањето на терористичката групација загинаа осум полицајци.
