„Ало докторе“: Над 1.200 повици за една седмица

07.12.2015 10:06

Според информациите од лекарскиот тим, најчесто пациентите се жалат на главоболки, респираторни симптоми, покачена телесна температура, кашлици, причинети од променливите временски услови...

Над 1.200 повици се регистрирани во изминативе седум дена на бесплатната линија за  медицински совети „Ало докторе“.

Според информациите од лекарскиот тим, најчесто пациентите се жалат на главоболки, респираторни симптоми, покачена телесна температура, кашлици, причинети од променливите временски услови.

Линијата почна да функционира пред 3 месеци и за сега бележи над 65 илјади повици.

На бесплатните телефонски повици, на линијата 02-15-123 секојдневно, 24 часа се јавува тим од 25 лекари.