Пониски цени на зелените пазари во споредба со лани

07.12.2015 10:10

Есенва понудата на овошје и зеленчук на зелените пазари е сеуште голема. Просечните цени на овошјето во ноември биле пониски од лани...

Во ноември, на зелените пазари имало богата понуда на сезонско овошје и зеленчук. Најмногу имало јаболка од сите сорти, јапонски јаболка, круши, калинки и цитрусни плодови.

Споредено со истиот период лани, намалување имало скоро кај сите цени, освен  мандарините, кои биле поскапи за 6 проценти.

Драстично намалување имало кај сортата Црвен Делишес од 12,5, а  другите сорти јаболка се продавале поевтино од 5 до 8,6 отсто.

Зеленчукот бил е поскап, и тоа лукот 31, краставиците 20,  благите пиперки 19 и кромидот за 7,7 проценти.

Зелката поевтинела за 8, гравот за 7, оризот за 4,7, а компирот за 2,7 насто споредено со минатата година.

 

Методија Трајков