Состојба на патишта: Магла и видливост до 50 метри

07.12.2015 10:16

Инаку сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани и по претежно суви коловози...

Внимавајте при возењето поради намалена видливост до 50 метри, магла е забележана  на патиштата кај Крива Паланка, Куманово, Тетово, Попова Шапка, Битола, Штип, Страцин и Кула.

На останатите патни правци видливоста е од 100 до 150 метри.

Инаку сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани и по претежно суви коловози.

Од 15-ти ноември во сила е законската обврска за поседување зимска опрема во возилата кој трае до 15 март следната година.