МВР: За 24 часа издадени 4.501 потврди за азил

07.12.2015 11:15

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-2.121, Ирак-1.642 и Авганистан–738...

Во изминативе 24 часа МВР издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 4.501 странски државјани, од кои 1.966 се од машки пол, 889 се од женски, 1.297 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 349 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-2.121, Ирак-1.642 и Авганистан–738.

Како што соопштуваат од МВР, досега издадени се потврди на вкупно 313.656 странски државјани, од кои, 178.063 се од машки пол, 49.881 се од женски, 68.625 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.087 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија-183.499, потоа Авганистан-75.505, Ирак-33.211, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Во последниве 24 часа поднесено е едно барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на државјанин на Ирак. Од започнувањето на издавањето на потврдите до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.