Опозициската коалиција победи на изборите во Венецуела

07.12.2015 11:28

Во парламент опозицијата ќе има 99 места, а единствената Социјалистичка партија на Венецуела - 46 места...

Опозициската коалиција за демократско единство победи на парламентарните избори во Венецуела, соопшти Државната изборна комисија. Во парламент опозицијата ќе има 99 места, а единствената Социјалистичка партија на Венецуела - 46 места.

Претседателот Николас Мадуро го призна поразот на неговата партија.

Аналитичарите претпоставуваат дека претседателот може да се обиде да ги ограничи надлежностите на Ппарламентот по историската победа на опозицијата со ризик да предизвика масовни протести во земјата.

Новиот состав на Националното собрание на Венецуела ќе почне со работа во јануари 2016 година.