Почна судскиот процес за настаните во кумановската „Дива населба“

07.12.2015 13:10

На седницата која е отворена за јавноста, Судскиот совет решава дали го прифаќа обвинителниот акт...

Во Кривичниот суд во Скопје денеска почна судењето на 29-темина обвинети за тероризам во инцидентите од деветти и десетти мај во кумановската населба „Тоде Мендол“.

На седницата која е отворена за јавноста, Судскиот совет решава дали го прифаќа обвинителниот акт. Според оовинението, целта на терористите е да се предизвика чувство на несигурност и страв меѓу граѓаните, а биле планирани и напади врз одредени цели во главниот град.

Обвинителството треба да повика 50-тина заштитени сведоци, полицајци од кои 40 биле ранети, повредени за време на дводневната престрелка.

Во мај во Куманово при ликвидирањето на терористичката групација загинаа осум полицајци.