Мајкрософт ја проширува партнерската мрежа
Според анализите за секој долар што го реализира корпорацијата во земјава, на домашната економија преку истата мрежа се враќа десет долари приход...

„Мајкрософт Македонија“ продолжува да ја развива партнерската мрежа во земјава. Во неа се веќе 150 компании, а денеска и се приклучи уште една. Според анализите за секој долар што го реализира корпорацијата во земјава, на домашната економија преку истата мрежа се враќа десет долари приход.
Стефан Плавјански, извршен директор на „Мајкрософт Македонија“, соопшти дека пред една година увиделе оти има потреба од ревизија на партнерската мрежа и почнале комплексен процес на идентификација на нови партнери во Македонија.
„Како резултат на тој процес денеска потпишуваме договор со ТДК. Мајкрософот Македонија има мрежа од повеќе од 150 партнери преку кои и ги реализира своите бизнис цели, но преку таа мрежа враќа и на локалната економија. Денешното е највисоко ниво на партнерство кое може да го има Мајкрософт со локален партнер“, рече Плавјански.
Според Јордан Димитровски, управител на компанијата ТДК, партнерството со „Мајкрософт Македонија“ ќе придонесе за натамошен развој и нови инвестиции.
