НАТО ја исклучи можноста за праќање копнени сили во борба против ИД
07.12.2015 13:52
Kонфликтот не е војна меѓу западот и исламскиот свет, туку борба против тероризмот...

НАТО ја исклучи можноста за праќање копнени сили во борбата против Исламската држава во Сирија. Тоа не е во планот на нашата коалиција, во моментов единствена опција е засилување на локланите сили, изјави генералниот секретар на НАТО Столтенберг, притоа додаде дека конфликтот не е војна меѓу западот и исламскиот свет, туку борба против тероризмот.
Во меѓувреме, најмалку четири сириски војници загинале, 13-мина се повредени при воздушните напади на САД и коалицијата во воена база, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Ова е прв пат во воздушни напади да бидат повредени војници на сириската армија.
